домаМакедонијаАгенцијата за управување со одземен имот има речиси 50 милиони евра имот...

Агенцијата за управување со одземен имот има речиси 50 милиони евра имот за продажба, за една година вредноста пораснала за 10 милиони

- Advertisement -spot_img

Агенцијата за управување со одземен имот на крајот од 2025 година имала залихи на конфискуван имот вредни околу 48,9 милиони евра, покажува ревизорскиот извештај.

Пресметката на Фактор покажува дека само една година претходно, на крајот од 2024 година, вредноста била околу 39 милиони евра. Тоа значи дека за една година во Агенцијата се натрупале дополнителни речиси 10 милиони евра одземен имот, односно раст од околу 25 проценти.

Од вкупните 48,9 милиони евра, околу 31 милион евра се одземени недвижности наменети за продажба, а околу 17,8 милиони евра се конфискувани материјали и друга стока.

Дел од недвижностите, сепак, сè уште не можат да бидат ставени на продажба. Во ревизорскиот извештај се посочува дека кај дел од нив има запишани хипотеки, а расчистувањето на статусот зависи и од други институции.

„Постапките за нивно ослободување од запишаните оптоварувања зависат од постапување и одлуки на повеќе надлежни институции и трети страни“, се наведува во извештајот.
Во исто време, приходите од продажба на конфискуван имот во текот на цела 2025 година изнесувале само околу 1,34 милиони евра. Од нив, околу 1,16 милиони евра се од продажба на недвижен имот, а околу 179 илјади евра од продажба на конфискувани возила.

Така, на крајот од годината Агенцијата имала одземен имот вреден речиси 49 милиони евра, додека за цела година од продажба биле собрани околу 1,34 милиони евра.

Агенцијата за управување со одземен имот го презема и управува имотот што е конфискуван со судски и други одлуки. Нејзина задача е да ја зачува неговата вредност, да го чува и евидентира, а кога се исполнети условите и да го продаде, изнајми или отстапи согласно законските процедури.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img