домаМакедонијаЧибишев: МВР да ги открие нарачателите и промоторите на „гнасната лага“ за...

Чибишев: МВР да ги открие нарачателите и промоторите на „гнасната лага“ за водата

- Advertisement -spot_img

Токсикологот и професор на Медицинскиот факултет при УКИМ, д-р Андон Чибишев, реагираше на информациите што вчера предизвикаа паника меѓу граѓаните на Скопје, според кои водата за пиење во главниот град била загадена со бактеријата Escherichia coli.

Во објава на својот Фејсбук-профил, Чибишев изрази недоумение околу мотивите за ширење на вакви информации и посочи дека евентуалното присуство на бактеријата во водата за пиење би претставувало сериозен јавно-здравствен проблем.

-Не знам дали тие болни умови знаат што значи таквото загадување – наведува Чибишев, додавајќи дека, доколку само 10 проценти од жителите на Скопје развијат цревни симптоми поради ваква контаминација, за краток период би можеле да се соочат со повеќе од 50.000 пациенти.

Според него, такво сценарио би претставувало огромен притисок врз здравствениот систем и би можело да доведе до негово преоптоварување.

Чибишев смета дека ширењето непроверени информации за исправноста на водата создало страв и недоверба кај скопјани.

Тој во објавата повика Министерството за внатрешни работи да ги истражи информациите и да ги утврди оние кои ги креирале и ширеле, оценувајќи ги како „гнасна лага“.

-МВР е на потег, итно да се откријат нарачателите, креаторите и промоторите на оваа гнасна лага која внесе недоверба и страв кај граѓаните на Скопје – напиша Чибишев.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img