домаСпортМаксимов: Шкендија ми е во добро сеќавање, очекувам супер натпревар викендов

Максимов: Шкендија ми е во добро сеќавање, очекувам супер натпревар викендов

- Advertisement -spot_img

Во третото редовно коло од домашниот ПМФЛ шампионат, тимот на Брегалница го игра големото дерби против тимот на Шкендија. Во Штип владее одлична фудбалска атмосфера по победата над Арсими, а истата ја пренесува Методиј Максимов, повратникот во дресот на Брегалница ова лето.

“Шкендија е одлична екипа, го имаат можеби најдобриот тим во лигата. Јас поминав прекрасни година и половина во Тетово, за екипата можам да кажам само суперлативи, големи професионалци, тоа беше многу значаен период во мојата кариера и многу ми помогнаа за мојот интернационален трансфер. Во недела очекувам исклучително тежок натпревар, можеби мала олеснителна околност за нас е фактот дека во меѓувреме тие настапуваат во Конференциската Лига и имаат тежок натпревар против Хиберниан од Шкотска. Кај нас владее одлична атмосфера, соблекувалната ја краси единство, позитива другарство и одлична атмосфера. Тоа за нас е голем плус за секој натпревар, вклучително и овој.” – изјави Методи Максимов.ќ

Мечот е закажан за в недела од 19:00 часот на комплексот Петар Милошевски во Скопје.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img