Еден од најдобрите крилни играчи на денешницата, членот на Манчестер Сити, Жереми Доку, денеска и официјално потпиша нов договор со тимот со рок до 2031 година.
Тој откако пристигна од Рен во 2023 година за сума од 55 милиони фунти, прерасна во еден од најдобрите напаѓачи на светот, па новиот договор секако дека не е изненадување, напротив.
„Овој клуб ми значи толку многу, се развив и како играч и како личност. Се чувствувам етаблиран тука и знам дека се подобрувам секој ден благодарение на работата што ја работи персоналот тука“, рече Доку кој што има само 24 години.






