Среќна вест пронајдено е 4-годишното дете од Македонија кое денеска исчезна во Голем, во близина на Алто Маре.
По објавениот итен апел за помош и неколкучасовната потрага, детето е пронајдено, информацијата за Македонски весник “Илинден“ ја потврди JOQ Albania.“
Детето исчезна во текот на денот, по што семејството веднаш пријавило во полиција и започнала потрагата во областа на Голем, особено во близина на плажата и туристичките објекти.
Во моментот на исчезнувањето, детето било облечено во зелено костимче за капење, а со себе носело пиштол-играчка на вода, по што семејството упати итен апел до сите кои биле во областа да помогнат во потрагата.
За среќа, потрагата заврши со позитивен исход и детето е пронајдено.






