домаСпортМарко Ѓорѓиевски е во комбинација за дуелот со Хиберниан

Марко Ѓорѓиевски е во комбинација за дуелот со Хиберниан

- Advertisement -spot_img

Утре со почеток од 20:00 часот на Арената Тодор Проески во Скопје, екипата на Шкендија го игра реванш дуелот од третото квалификациско коло од Лигата на Конференции против тимот на Хиберниан од Шкотска.

На првиот дуел на гости, тетовци загубија со 2:1, а сега треба да ја анулираат негативата и да се пласираат во плеј офот, последната пречка пред групната фаза во ова натпреварување.

Составот на Шкендија е релативно истиот нема поголеми проблеми за тренерот Артим Положани. Голманот Гаје не е во комбинација, а она што е поважно секако е состојбата со Марко Ѓорѓиевски. Напаѓачот се пожали на болки при загревањето на дуелот со Вардар во рамките од второто ПМФЛ коло, но за среќа на тетовци не се работи за ништо посериозно и тој дефинитивно е во комбинација за утре.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img