Поранешниот „ангел на Викторија“, манекенката Алесандра Амброзио (45), се сврши со австралискиот дизајнер и поранешен модел Бак Палмер, со кого е во врска речиси две години.
https://www.instagram.com/p/Db6OWKMGoCP/?utm_source=ig_web_copy_link&igsh=NTc4MTIwNjQ2YQ==
Оваа убава вест ја потврди така што објави романтични фотографии од плажа во Индонезија, каде што Бак ја запросил.
Стоеле на песокот во срце направено од ливчиња од рози, а целата плажа била целосно нивна, па можеле да уживаат во овој прекрасен момент.
На лицето на Алесандра се гледа неизмерна среќа додека тој клечи и ја запросува, а таа стои во бикини и уште еднаш го открива своето змиско тело, поради кое држи високо место на листата на најзгодни жени во светот…
„Би те избрала во овој живот и во секој друг. За засекогаш, љубов моја“, напиша таа.
Во врска се од 2024 година, а за нивната свршувачка се шушкаше уште пред неколку месеци. Алесандра зад себе има десетгодишна врска со бизнисменот Џејми Мазур, со кого има две пораснати деца, а за кого исто така беше свршена.






