домаМакедонијаШтерјова: Во Гостивар има нови заболени, изворот на заразата не е под...

Штерјова: Во Гостивар има нови заболени, изворот на заразата не е под контрола

- Advertisement -spot_img

Здравствената криза во Гостивар продолжува, а граѓаните и по пет недели сè уште немаат безбедна вода за пиење, обвини портпаролката на СДСМ, Кети Штерјова, на денешната прес-конференција. Според информациите со кои располага партијата, има и нови заболени, како и случаи на реинфекција кај граѓани кои повторно се разболеле. Според неа, тоа укажува дека ризикот сè уште не е отстранет и дека причината за загадувањето не е ставена под контрола.

Од СДСМ обвинуваат дека пет недели министерот за здравство Сашо Клековски и премиерот Христијан Мицкоски даваат различни најави и ветувања дека решението е блиску, но конкретно решение сè уште нема.

Партијата бара одговори за информациите поврзани со квалитетот на водата, како и за тоа кој одобрил таа да се користи како техничка вода, откако биле утврдени бактерии.Штерјова посочи дека до 20 август, кога Клековски најавил завршување на анализите, останува ризикот од појава на нови случаи.

СДСМ побара одговорност од надлежните институции и праша зошто Јавното обвинителство сè уште не реагирало.

„Одговорност за труењето на цел еден град мора да има – и политичка и кривична“, порача Штерјова.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img