домаШоубизЗАЕДНО СЕ 40 ГОДИНИ, А НИКОГАШ НЕ СЕ ВЕНЧАА: Опра Винфри откри...

ЗАЕДНО СЕ 40 ГОДИНИ, А НИКОГАШ НЕ СЕ ВЕНЧАА: Опра Винфри откри зошто ја раскинале свршувачката со Стедман

- Advertisement -spot_img

Славната Опра Винфри се појави во ретко јавно излегување со својот долгогодишен партнер Стедман Греам додека во Чикаго одбележуваше 40-годишнина од нејзиното кулно шоу „The Oprah Winfrey Show“. На телевизиската легенда на овој посебен настан ѝ се придружи Стедман, а заедно позираа со голем послужавник со пржено пилешко и нејзиниот некогашен приватен готвач Арт Смит.

Опра блескаше во крем комплет кој го комплетираше со бели патики и очила за сонце со затемнети стакла, додека нејзиниот 75-годишен партнер стоеше до неа во црн костум и бела кошула.

Љубовна приказна која трае 40 години

Опра и Стедман се заедно од 1986 година, а во последните години својот однос главно го чуваат подалеку од очите на јавноста. Како двојка не се појавиле заедно на јавен настан уште од 2019 година, кога присуствуваа на свеченото отворање на студиото на Тајлер Пери.

Седумдесет и двегодишната Опра откри дека одлучиле да се повлечат од јавноста како двојка поради непрекинатите таблоидни приказни за нивната врска. Во разговорот за подкастот „Goop“ таа раскажа дека дури барала совет и од славната поетеса Маја Анџелоу како да се справи со сите гласини.

„Кога и да се вознемирев поради тоа, Маја ми велеше: ‘Душо, тоа нема никаква врска со тебе’“, се присети Опра.

Зошто никогаш не се венчаа?

Иако со години важеа за една од најстабилните двојки во Холивуд, Опра и Стедман никогаш не застанаа пред олтарот. Водителката претходно објасни зошто ја раскинале свршувачката во 1993 година, но сепак останале заедно.

„Сфатив дека всушност не сакам брак. Сакав само да бидам запросена“, напиша Опра во есеј од 2020 година за магазинот „O“.

„Сакав да знам дека тој смета дека сум вредна да бидам негова сопруга, но не сакав одрекувања, компромиси и секојдневна посветеност што се потребни за еден брак да успее. Мојот живот и шоуто ми беа приоритет, и двајцата го знаевме тоа. Се согласуваме дека, доколку се венчавме, денес најверојатно веќе немаше да бидеме заедно.“

Уште повеќе, Стедман ѝ остана лојален цели четири децении.

„Суштината на нашата врска е во тоа што сум посветен на нејзината среќа и тоа е прекрасно за неа“, изјави тој во 2019 година во шоуто на Елен Деџенерис.

Стедман Греам е успешен бизнисмен, писател и мотивациски говорник, а ја води и сопствената маркетинг компанија.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img