домаМакедонијаЈаневска: Обемот на врсничко насилство не расте, но расте бруталноста во дел...

Јаневска: Обемот на врсничко насилство не расте, но расте бруталноста во дел од случаите

- Advertisement -spot_img

Во последните три учебни години, просечно се пријавуваат по околу 50 случаи на врсничко насилство годишно во училиштата. Тоа покажува дека обемот на насилството не расте, но загрижува фактот што расте бруталноста во дел од пријавените случаи. Затоа, институциите на централно ниво, со поддршка на локалните самоуправи, граѓанскиот сектор и меѓународните партнери, ги зајакнуваат и превентивните и казнените механизми.

Ова го истакна министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска на денешната панел-дискусија на тема „Меѓуврсничко насилство и вандализам“, организирана во Охрид по повод утрешниот Меѓународен ден на младите – 12 Август, од Советот за млади, кој работи под покровителство на претседателката на државата, проф. д-р Гордана Сиљановска-Давкова.

„Очигледно е дека имаме предизвик и мораме да го решаваме. Ценам дека најважни во борбата против врсничкото насилство се превентивните активности. Затоа, со законските измени од минатата година ги задолживме училиштата во своите годишни програми да планираат активности за промоција на добросостојбата на учениците, заштита од насилство, злоупотреба и запуштање, спречување дискриминација, подобрување на комуникацијата и слично“, рече Јаневска.

Таа посочи дека се зајакнуваат и стручните служби преку ангажирање кадар таму каде што недостигал, а се вратени и дежурствата на наставниците за време на одморите во ходниците и училишните дворови, наместо оваа обврска да ја извршуваат ученици.

Министерката информираше дека во соработка со „Телеком“ и УНИЦЕФ е изработен прирачник за справување со сајбер-булингот. Иако во МОН досега нема пријави за ваков вид насилство, прирачникот претставува корисна алатка за учениците, наставниците и родителите во препознавањето и спречувањето на интернет-насилството.

Во соработка со компанијата „Макпетрол“ е изработен и Прирачник за справување со врсничко насилство во училиштата, кој се темели на реални ситуации и примери за изнаоѓање соодветни решенија. Паралелно, со Коалицијата на младински организации – СЕГА, МОН работи на подготовка на национални стандарди за безбедни училишта.

Таа додаде дека се реализираат и директни средби со наставниците и родителите на учениците. Досега се посетени околу 30 општини, а активноста ќе продолжи и кон крајот на месецов.

Нагласи дека во собраниска процедура се законски измени со кои се предвидуваат парични казни за родителите и старателите на децата за кои ќе се утврди дека извршиле врсничко насилство во училиштето, но и за родителите кои одбиваат да соработуваат со училишните служби.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img