домаМакедонијаВо августовскиот рок матура ќе полагаат 1.460 ученици, меѓу нив и 226...

Во августовскиот рок матура ќе полагаат 1.460 ученици, меѓу нив и 226 со поништени тестови

- Advertisement -spot_img

Вкупно 1.460 ученици утре и в петок ќе ја полагаат матурата во августовскиот испитен рок, меѓу нив и 226 матуранти на кои во јуни им биле поништени тестовите поради препишување.

Според податоците на Државниот испитен центар, за државна матура во август се пријавени 1.328 ученици, за државна стручна матура 126, а за уметничка матура шестмина.

Првиот испит е утре, 12 август, кога кандидатите ќе полагаат математика или англиски јазик како изборен екстерен предмет. За германски, француски, италијански и руски јазик, како и за историја, во августовскиот рок нема пријавени кандидати.

На 14 август ќе се полага задолжителниот екстерен испит по мајчин јазик и литература. Двата испита почнуваат во 9 часот.

Поради значително помалиот број кандидати во споредба со јунската сесија, полагањето ќе биде организирано на осум локации во четири градови – Скопје, Тетово, Прилеп и Штип. Во Скопје ќе се полага на Економскиот, Градежниот и Педагошкиот факултет, како и во спортската сала на АСУЦ „Боро Петрушевски“. ДИЦ објави список преку кој учениците можат да проверат на која локација треба да се појават.

Особено внимание во августовската сесија ќе има на 226 ученици чии тестови од јунскиот рок биле поништени. Дел биле фатени како препишуваат за време на испитот, додека кај други неправилностите биле утврдени при прегледувањето на тестовите.

Во јунскиот рок за трите типа матура беа пријавени 14.587 ученици. Просечната оценка од сите матурски испити изнесуваше 3,66 – 3,62 кај државната, 3,91 кај стручната и 3,59 кај уметничката матура.

Годинава матурата првпат се спроведува според новиот концепт со три различни типа – државна, стручна и уметничка, со што учениците се тестираат според содржините што ги изучувале во текот на средното образование.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img