домаМакедонијаДемонтирана е подната фонтана каде пропаѓаа возила – пластичните држачи ќе се...

Демонтирана е подната фонтана каде пропаѓаа возила – пластичните држачи ќе се заменат со иноксни профили

- Advertisement -spot_img

Постојната носечка потконструкција, која беше изработена од пластични носачи што ги поддржуваа бетонските плочи со тежина од околу 100 килограми по елемент, се заменува со нова конструкција изработена од иноксни профили, проектирани за значително поголеми механички оптоварувања, ни одговорија од Град Скопје, додавајќи дека вака ќе се намали ризикот од оштетувања, какви што се случуваа при навлегување на возила.

Подната фонтана на скопскиот плоштад, која пред повеќе од една деценија за 2,5 милиони евра ја изгради „Трансмет“ на Сеад Кочан (осуден во предметот „Труст“), веќе неколку години е надвор од функција. Всушност, таа престана да работи откако во неа пропаднаа неколку возила, по што просторот беше ограден со жардињери.

Актуелниот скопски градоначалник, Орце Ѓорѓиевски, деновиве најави дека оваа фонтана, која, според него, долги години била оставена да пропаѓа поради негрижа, повторно ќе проработи. Како што напиша тој на Фејсбук, се прави „темелно и трајно решение“, со што се зголемува „стабилноста, безбедноста и долговечноста на целиот систем“.

„Фонтаната повторно ќе биде место за средби, детска радост, фотографии, прошетки и убави спомени. Место кое ќе му ја врати живоста на плоштадот и повторно ќе стане една од најубавите слики од центарот на Скопје“, порача градоначалникот Ѓорѓиевски.

Пред оваа негова објава, „Фокус“ се обрати до Град Скопје со прашања поврзани со подната фонтана. Притоа, од таму добивме одговор дека се одвива реконструкција на фонтаната со „засилена динамика“ од страна на ЈП „Водовод и канализација“, но поради сложеноста на зафатот процесот бара повеќе време.

„Станува збор за комплексен систем кој вклучува специјализирана опрема произведена во Германија, како и автоматизација што бара детален сервис и повторно усогласување. Покрај сервисирањето на опремата, се врши и суштинско конструктивно унапредување на фонтаната.

Постојната носечка потконструкција, која беше изработена од пластични носачи што ги поддржуваа бетонските плочи со тежина од околу 100 килограми по елемент, се заменува со нова конструкција изработена од иноксни профили, проектирани за значително поголеми механички оптоварувања.

Со ова трајно ќе се зголеми стабилноста на системот и ќе се намали ризикот од оштетувања какви што се случуваа во минатото при навлегување на возила врз површината на фонтаната. Новата конструкција веќе се изработува во специјализирана работилница…“

Во текот на денешниот ден не се одвиваа градежни работи и немаше работници на локацијата, која е покриена со мрежа потпрена на метални шипки, додека местото околу е заштитено со метални барикади. Како што можеше да се види на лице место, бетонските плочи се извадени и веќе почнала монтажа на дел од конструкцијата.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img