домаМакедонијаТројца пратеници не кажале ниту збор во Собранието

Тројца пратеници не кажале ниту збор во Собранието

- Advertisement -spot_img

Тројца пратеници не кажале ниту збор во Собранието во првата половина од минатата година, покажува алатката пратеници.мк, која денеска ја објави Институтот за демократија Социетас цивилис – Скопје. Лидерот на ДУИ Али Ахмети, лидерот на ДПА Мендух Тачи и пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Валентина Марчевска за половина година ниеднаш не се јавиле за дискусија, не поставиле пратеничко прашање, не предложиле закон или амандман и не членувале во некоја собраниска комисија.

За разлика од Ахмети и Тачи, кои со години се меѓу најнередовните пратеници, Марчевска е меѓу најредовните – присуствувала на сите 56 седници.

Ахмети присуствувал само на 3, а Тачи на 4 седници. Листата на најнередовни ја заокружуваат Садула Дураки кој присуствувал на 15, и Скендер Реџепи од Попули и Ваљбона Адили – Емини од Беса кои присуствувале на по 16 од 56 седници.

Алатката покажува дека 45 од вкупно 120 пратеници воопшто не се јавиле за збор да дискутираат на некоја тема, две третини од народните избраници не поставиле пратеничко прашање, 36 не учествувале во предлагање амандмани, а 13 не се потпишале на ниеден предлог закон.

Собранието редовно објавува извештаи за активноста на пратениците, но сега пребарувањето е полесно и точно може да се види кој од нив што сработил. Сепак, со оглед на тоа што на изборите се гласа за партии, а не за луѓе, граѓаните немаат механизам за да побараат одговорност од конкретни пратеници. Во Институтот за демократија Социетас цивилис – Скопје велат дека транспарентноста и отчетноста е чекор во вистинска насока

„Моментално, онака како што е позициониран начинот на избор на пратеници во нашето Собрание, граѓаните немаат прилика да избираат поединечни имиња, туку гласаат за листи коишто претходно се утврдени од страна на политичките партии, па ова би можело да биде и добар механизам за самите политички партии како луѓето коишто ги ставиле на тие листи се покажуваат, односно го доловуваат моментот на претставништво во самото Собрание“, вели Александра Јовевска Ѓорѓевиќ од ИДСЦС.

Алатката покажува дека најактивни пратеници во првата половина од минатата година биле Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ, Сали Мурати од Движењето на Турците, Јованка Тренчевска од СДСМ, Тони Јаревски од ВМРО-ДПМНЕ и Даниела Николова од СДСМ.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img