домаМакедонијаПовредени се три деца и една жена во судир на четири автомобили...

Повредени се три деца и една жена во судир на четири автомобили и камион на патот Гостивар-Кичево

- Advertisement -spot_img

Четири лица, меѓу кои три деца, се повредени во сообраќајна несреќа што утрово се случила на магистралниот пат во близина на каменоломот „Прогрес 98“.

Од СВР Тетово за МИА информираат дека несреќата била пријавена околу 7:40 часот, а во неа учествувале четири автомобили и еден камион.

Три малолетни лица и една жена, кои биле во едно од возилата, по незгодата се пожалиле на здравствени проблеми. Тие биле пренесени во гостиварската болница за укажување медицинска помош.

„По незгодата, три малолетни лица и една жена кои биле во едно од автомобилите се пожалиле на здравствени проблеми и биле упатени во гостиварската болница за укажување медицинска помош“, изјави портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи.

На местото на несреќата се врши увид, по што треба да се утврдат причините и околностите за судирот, како и материјалната штета.

Поради увидот, сообраќајот кон Стража се одвива отежнато. Возилата се пропуштаат наизменично по една коловозна лента во двата правци, поради што се создаваат подолги колони кон Кичево и Гостивар.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img