Македонија и во наредните денови ја очекува сончево и многу топло време, со температури кои на места ќе достигнуваат и до 40 степени Целзиусови.
Денеска ќе биде сончево, со мала до умерена облачност. Во попладневните часови локално ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи, особено во нестабилните подрачја.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се движи од 14 до 24 степени, додека максималната ќе достигне од 32 до 40 степени.
Во Скопје ќе преовладува сончево и многу топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 22 степени, а дневната ќе достигне до 40 степени.
И во наредните денови продолжува периодот на сончево и многу топло време, со мала до умерена локална облачност. Во некои места температурите повторно ќе се искачуваат до 40 степени, а високите температури ќе се задржат и во текот на ноќта.
Од друга страна, четврток и петок носат услови за нестабилност, со појава на пороен дожд и грмежи.
Граѓаните се советуваат да бидат внимателни поради високите температури, особено во најтоплиот дел од денот.






