домаСветСирија и Русија постигнаа договор за базите во Тартус и Хмејмим

Сирија и Русија постигнаа договор за базите во Тартус и Хмејмим

- Advertisement -spot_img

По 18 месеци интензивни преговори Сирија и Русија постигнаа договор за меморандум за разбирање за иднината на руските бази во Тартус и Хмејмим, објави денеска сириското Министерство за надворешни работи, а објави државната агенција САНА.

Министерството изјави дека сириската држава ќе го преземе управувањето со цивилните објекти, вклучувајќи го аеродромот Хмејмим и комерцијалното пристаниште во пристаништето Тартус, што ќе овозможи нивна постепена интеграција во цивилната администрација на земјата.

Воените објекти ќе бидат претворени во заеднички центри за обука и развој според нови аранжмани што ги штитат интересите на двете страни, а транзицијата треба да биде завршена во рок од три месеци.

Руската поморска база во Тартус и воздухопловната база Хмејмим долго време се главни воени упоришта на Москва во Медитеранот и Блискиот Исток.

Нивната иднина е предмет на преговори со новото сириско раководство откако поранешниот претседател Башар ал-Асад беше соборен во декември 2024 година.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img