Земјоделците од Струмичкиот регион со трактори и земјоделска механизација го блокираа центарот на Струмица и повторно ги испорачаа барањата за повисоки откупни цени на куротвската капија, наменета за конзервно преработувачките капацитети, објави „Дрнка.мк“. Чекаат конкретни резултати од министерот за земјоделство Борче Серафимовски со кого вчера имаа средба во Струмица.
Како што кажаа, на средбата Серафимовски изразил подготвеност да излезе во пресрет на барањата на земјоделците но ќе мора да седне на маса и со преставници на конзервно преработувачктие капацитети кои се одговорни за цената од 25 денари за килограм.
,,Вчера министерот ни вети дека ќе издејствува повисока откупна цена. Доколку не добиеме цена прифатлива со која ќе ги покриеме производствените трошоци, ние од вторник повторно излегуваме на протести и блокади„, кажа Александар Грозданов преставник од Здружението Млади Муртино
Земјоделците трет ден протестираа и организираат блокади. За нив несфатливо е како лани мешаната прва и втора класа пиперки која оди за фабриките се откупувала за 35 и 40 денари а годинава за 25 денари.






