домаМакедонијаДИК почнува подготовки за нови избори за градоначалник во Брвеница

ДИК почнува подготовки за нови избори за градоначалник во Брвеница

- Advertisement -spot_img

Државната изборна комисија се подготвува за спроведување нови избори за градоначалник на Општина Брвеница, откако по ненадејната смрт на досегашниот градоначалник Јовица Илиевски се создадоа услови за избор на нов локален прв човек.

Владата претходно ја разгледа информацијата од Министерството за локална самоуправа и констатираше дека настапил законски основ за престанок на мандатот на градоначалникот. Со тоа започнува постапката која треба да доведе до распишување нови избори согласно законските рокови.

Од Владата информираа дека по донесувањето на одлуката следуваат понатамошни чекори во институциите, по што изборниот процес ќе го организира ДИК.

Брвеница остана без градоначалник по ненадејната смрт на Јовица Илиевски, кој на последните локални избори го доби вториот мандат за управување со општината. На изборите во 2025 година Илиевски од ВМРО ДПМНЕ ја освои довербата на граѓаните со тесна разлика во однос на противкандидатот Хаќим Рамадани.

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека постапката за распишување избори треба да продолжи преку Собранието, а очекувањата се тие да се одржат во текот на есента.

ДИК во следниот период треба да ги спроведе сите активности поврзани со изборниот процес, вклучително и подготовка на роковите, изборните материјали и организацијата на гласањето.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img