Голем број на земјоделци денес се собраа на протест во струмичко Муртино, објави порталот Дрнка.МК.
Велат дека за нив откупната цена од 25 денари за килограм црвена пиперка е неприфатлива и бараат помош од државата.
Тие најавија блокади и го повикаа министерот за земјоделство Борче Серафимовски на средба.
На протестот се приклучија и градинари од останатите струмички села.






