домаМакедонијаНиколоски: На барање на дијаспората ја воведовме директната авиолинија Женева – Скопје

Николоски: На барање на дијаспората ја воведовме директната авиолинија Женева – Скопје

- Advertisement -spot_img

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски изјави дека директната авионска линија Женева – Скопје е воспоставена по иницијатива на македонската дијаспора, со цел да се олесни поврзувањето на иселениците со татковината.

Николоски ова го соопшти по партиски настан на ВМРО-ДПМНЕ во Ново Село, каде што се сретнал со претставници на дијаспората, како и со членови и симпатизери на партијата.

„Токму на барање на дијаспората отворивме директна линија Женева – Скопје. Лет кој многу го користи дијаспората и со кој почесто и полесно се враќаат во Македонија“, напиша Николоски на својот профил на Фејсбук.

Тој оцени дека средбата во Ново Село поминала во позитивна атмосфера и нагласи дека партијата останува посветена на проектите што, според него, го подобруваат животот на граѓаните.

Во својата објава Николоски најави и продолжување на инфраструктурните инвестиции во југоисточниот регион, посочувајќи дека се работи на проектот за изградба на експресниот пат Радовиш – Струмица – Ново Село.

„Уште еден значаен инфраструктурен проект кој ќе го подобри животот на жителите од овој регион“, истакна Николоски.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img