Дел од ракета на „Спејс Икс“, тежок околу четири тони, се урна на површината на Месечината, соопшти НАСА. Ракетниот дел со големина приближна на автобус, создаде облак од месечева прашина.
Вообичаено, ваквите делови од ракетите повторно влегуваат во атмосферата на планетата и согоруваат или паѓаат во океанот.
НАСА уверува дека судирот не претставува опасност и дека американската вселенска агенција ќе собира податоци од Месечината од настанот и ќе ги усоврши техниките за следење на објектите во вселената.
Во 2022 година, дел од кинеска ракета исто така удри во Месечината, додека НАСА во 2009 година намерно предизвика ваков судир за научни истражувања.






