домаРегионСрбинот кој речиси падна од авион тужи три компании – случајот се...

Србинот кој речиси падна од авион тужи три компании – случајот се сели во Америка

- Advertisement -spot_img

Случајот што привлече огромно внимание во јавноста, во кој српски државјанин за малку ќе испаднеше од авион на компанијата „Рајанер“, сè уште е далеку од судска разрешница.

Судската постапка сè уште не е започната, додека кривичната и внатрешната истрага продолжуваат. Со оглед на сериозните последици што инцидентот ги оставил врз Љубиша Каровиќ, но и врз останатите патници на летот од Солун до Меминген, како и фактот дека станува збор за исклучително редок настан во современото комерцијално воздухопловство, засега не е познато кога целиот случај би можел да добие епилог.

Сигурно е дека Каровиќ ќе поднесе тужби против три компании – „Рајанер“, „Боинг“ и „Џенерал електрик“.

Како што дознава „Телеграф.рс“, Љубиша Каровиќ и неговиот правен тим, предводен од грчкиот адвокат Василис Цијарас, ангажирале и американска адвокатска канцеларија специјализирана за случаи поврзани со авионски несреќи.

Бидејќи тужбата ќе опфати две американски компании, постапките против „Боинг“ и „Џенерал електрик“ ќе се водат во Соединетите Американски Држави. Засега не е познато дали спорот против „Рајанер“ ќе се води пред суд во Грција или во САД.

Тоа значи дека Каровиќ најверојатно го очекува повеќегодишна правна битка за надомест на штетата поради физичките и психичките последици што ги претрпел.

Според информациите на српскиот портал, неговата здравствена состојба постепено се подобрува. Повредите на рацете и рамениците речиси целосно заздравеле, но болките во вратот и натаму траат, додека психичките последици од трауматичниот настан сè уште се многу изразени.

Да потсетиме, Љубиша Каровиќ на 10 јули, заедно со сопругата Светлана Максимовиќ, патувал кон Минхен, каде што планирале да присуствуваат на роденденска прослава.

Тие се качиле на лет на „Рајанер“ од Солун за Меминген, а кратко по полетувањето отпаднал дел од моторот, кој го скршил прозорецот до седиштето на кое седел Каровиќ.

Поради наглата декомпресија, Љубиша за малку ќе испаднел од авионот. Неговата глава, рамениците и рацете се нашле надвор од леталото, низ отворот што настанал по кршењето на прозорецот.

Од сигурна трагедија го спасиле безбедносниот појас, кој бил правилно врзан околу неговиот струк, како и останатите патници, кои го држеле за нозете сè додека авионот не извршил принудно слетување.

По слетувањето, Каровиќ итно бил пренесен во болница во Солун, каде што му била укажана медицинска помош.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img