Во хотел во Охрид утрово е пронајдена почината 53-годишна државјанка на Република Белорусија.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен на 5 август 2026 година во 07:45 часот во СВР Охрид.
Смртта на жената, идентификувана со иницијали И.Т., ја констатирал лекар од Итната медицинска помош од Охрид.
По насоки на јавен обвинител, врз телото на починатата ќе биде извршена обдукција, по што ќе треба да се утврдат причините за смртта.
Од СВР Охрид информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.






