домаМакедонијаРизикот е тука, препораките се исти секое лето! Внимавајте на организмот на...

Ризикот е тука, препораките се исти секое лето! Внимавајте на организмот на „+ 40 степени“

- Advertisement -spot_img

Летниот период носи зголемен ризик од заболувања поврзани со високите температури, инфекции кои се пренесуваат преку инсекти, како и повреди и здравствени ризици поврзани со активности на вода. Институтот за јавно здравје на Република Северна Македонија (ИЈЗ) редовно потсетува на општите препораки за заштита од топлото време.

– Избегнувајте директно изложување на сонце и активности на отворено во периодот од 11:00 до 17:00 часот.

– Носете светла и лесна облека, а на директно сонце заштитни очила и светлобојна капа со висок свод и широк обод.

– Останете во затворени и климатизирани простории. При неопходен престој на отворен простор во овој период, најдете можност за почести одмори под сенка и избегнувајте директен престој на сонце.

– Затворете ги прозорците и ролетните во текот на денот, а отворете ги навечер, кога температурата е пониска.

– Внесувајте умерена количина храна. Избегнувајте масна и висококалорична храна како и храна која содржи голема количина на шеќер.

– Внесувајте доволно течности во текот на целиот ден, без да чекате да почувствувате жед. Најдобар избор е водата за пиење, а може да се консумираат и минерални безалкохолни пијалаци. Избегнувајте алкохолни пијалаци, пијалаци што содржат кофеин и многу ладни пијалаци.

– Кога сте во паркирано возило, отворете го прозорецот со цел да овозможите вентилација. Целосно затворените возила стануваат многужешки. Не оставајте никого во возилото!

– Туширајте се со млака вода по потреба. За дополнително разладување, ставајте ладни облоги или потопете ги стапалата во ладна вода.

– Лицата со хронични болести, особено оние со болести на кардиоваскуларниот систем, невролошките и белодробните болести, потребно е да бидат посебно дисциплинирани по однос на овие препораки и да ја земаат својата редовна терапија.

– За сите промени во здравствената состојба, задолжително да го консултираат својот матичен лекар.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img