домаСветЗемја на високи плати и скапи квадрати: повеќе од половина Швајцарци живеат...

Земја на високи плати и скапи квадрати: повеќе од половина Швајцарци живеат во изнајмени станови

- Advertisement -spot_img

Швајцарците имаат едни од највисоките просечни плати во светот, но тоа не значи дека повеќето од нив поседуваат недвижен имот. Напротив, Швајцарија е европскиот рекордер по број на луѓе кои живеат под кирија – повеќе од 60 отсто од населението.

Овој податок ја прави Швајцарија вистински пример дека високите приходи не се секогаш гаранција за сопствен стан.

Додека во многу земји купувањето недвижност се смета за главна животна цел и симбол на финансиска сигурност, во Швајцарија изнајмувањето е нормален и широко прифатен начин на живеење.

Скапи квадрати и строги услови за кредити

Една од главните причини поради кои Швајцарците поретко купуваат станови се високите цени на недвижностите. Во големите градови како Цирих, Женева и Лозана, цените на квадратен метар се меѓу највисоките во Европа.

Но, проблемот не е само во цената. Банките имаат строги правила за одобрување станбени кредити.

Најчесто, купувачите мора да обезбедат околу 20 отсто сопствено учество од вредноста на недвижноста, а најмалку половина од тие средства мора да бидат вистински заштедени пари, а не средства од пензискиот фонд.

Тоа значи дека за стан вреден 800 илјади швајцарски франци, купувачот треба однапред да има околу 160 илјади франци.

Дополнителен услов е таканаречената пресметка на финансиска одржливост – банките проверуваат дали трошоците за домување би надминале една третина од приходите на домаќинството. Поради високите цени, многу луѓе, иако имаат високи плати, не успеваат да ги исполнат критериумите.

Киријата не е знак на финансиски неуспех

За разлика од многу други држави, во Швајцарија животот под кирија не се смета за привремено решение или знак дека некој „не успеал“ да купи дом.

Системот на заштита на станарите е еден од најразвиените во Европа. Договорите за изнајмување често траат со години или децении, а станарите имаат силни законски гаранции.

Многу семејства остануваат во ист изнајмен стан долг период, без страв дека ќе мора ненадејно да се иселат.

Токму поради тоа, дел од граѓаните не гледаат причина да се задолжуваат со стотици илјади франци за купување недвижност, кога можат сигурно и долгорочно да живеат под кирија.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img