Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива непречено и по суви коловози, додека интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е зголемен, соопшти АМСМ.
Според информациите, на граничниот премин Табановце за влез во државата се чека повеќе од еден час, додека на Богородица за излез од земјата задржувањето е околу 15 минути. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги чекања за влез и излез од државата.
Од АМСМ апелираат возачите да ја приспособат брзината на движење, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и внимателно да управуваат со возилата, особено на патните правци низ котлини, речни долини и клисури, каде што е можна појава на одрони.
Посебна внимателност се препорачува на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.






