Американскиот претседател Доналд Трамп изрази сомнеж дали треба да ѝ се дозволи на Украина да произведува ракети за системите „Патриот“, велејќи во интервју дека „не е сигурен“ за таквиот потег.
Тоа е исклучително оружје и мора да бидеме малку внимателни кому му даваме лиценца — изјави американскиот претседател за „Фајненшел тајмс“.
Претходно неделава, украинскиот претседател Володимир Зеленски се сретна со Трамп во Белата куќа, а украинскиот претседател рече дека разговарале за лиценцирање што би ѝ овозможило на Украина самостојно да произведува пресретнувачки ракети за системите „Патриот“.
Претставници на компанијата „Рејтеон“, производител на „Патриот“, веќе ја посетиле Украина, додека „Локид Мартин“, која ги произведува пресретнувачките ракети ПАЦ-3 за овој систем за противвоздушна одбрана, исто така, работи на испраќање тим експерти во земјата, изјави во четвртокот украинската амбасадорка во Вашингтон, Олга Стефанишина.
„Фајненшл тајмс“ објави и дека претставниците на Трамп, Џаред Кушнер и Стив Виткоф, во наредните денови првпат ќе ја посетат Украина.






