Некогашниот македонски младински репрезентативец, Методиј Максимов се враќа во домашниот шампионат.
Тој ќе игра како позајмен фудбалер за Брегалница, пред се за да се врати во натпреварувачки ритам по повредата која што сум се случи пред извесен период.
Максимов е под договор со тимот на Ласк од Австрија но одработи позајмица во Алесунд, Норвешка, а настапуваше и за вториот тим на Ласк.
Во домашниот пак шампионат, играше токму за Брегалница, пред да пристигне во Работнички и да направи трансфер во Шкендија.






