домаМакедонијаПад на бројот на прегледи во Гостивар, потврдени 13 случаи на западнонилска...

Пад на бројот на прегледи во Гостивар, потврдени 13 случаи на западнонилска треска објави

- Advertisement -spot_img

Епидемиолошката состојба во Гостивар покажува знаци на подобрување, со значително намалување на бројот на лица кои побарале лекарска помош, информира Министерството за здравство.

Според последните податоци, во текот на вчерашниот ден биле извршени 36 прегледи, што е речиси двојно помалку во споредба со претходниот ден, кога биле регистрирани 73 прегледи. Во моментов во болница се лекуваат четворица пациенти.

Од почетокот на следењето на состојбата, реализирани се вкупно 4.483 први прегледи, а обработени се 706 епидемиолошки анкети.

Од Министерството оценуваат дека намалувањето на бројот на прегледи е позитивен показател, но нагласуваат дека здравствените институции и понатаму внимателно ја следат состојбата и спроведуваат засилен епидемиолошки надзор.

Во меѓувреме, заклучно со 30 јули, во земјава се потврдени 13 случаи на западнонилска треска. На Клиниката за инфективни болести хоспитализирани се 10 пациенти, од кои тројца се во критична состојба.

Како дел од превентивните активности, во текот на ноќта беше спроведена дополнителна терестичка дезинсекција против комарци, со цел да се намали ризикот од понатамошно ширење на инфекцијата.

Министерството за здравство соопшти дека останува во постојана координација со надлежните институции и навремено ќе ја информира јавноста за сите нови случувања.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img