домаМакедонијаЗоран Герасимовски, вршител на должноста претседател на Апелациониот суд Скопје

Зоран Герасимовски, вршител на должноста претседател на Апелациониот суд Скопје

- Advertisement -spot_img

Судскиот совет на денешната седница го избра судијата Зоран Герасимовски за вршител на должноста претседател на Апелациониот суд Скопје, откако досегашната претседателка Мери Дика вчера беше избрана за судија на Уставниот суд.

За в.д. претседател на Апелациониот суд Скопје беа предложени Тања Милева и Зоран Герасимовски, а Советот одлучи функцијата привремено да ја извршува Герасимовски. Истовремено, беше донесена одлука за распишување оглас за избор на претседател на Апелациониот суд Скопје.

Судскиот совет донесе и одлука за мирување на судиската функција на Мери Дика по нејзиниот избор за член на Уставниот суд.

На седницата беше разгледано и барањето на судијата на Основниот суд Охрид, Вулнет Винца, за продолжување на вршењето на судиската функција и по исполнувањето на условите за старосна пензија. Советот го отфрли барањето поради пропуштање на рокот за доставување на потребната изјава. Воедно, Судскиот совет констатираше дека Винца ги исполнил условите за старосна пензија. Со оглед дека ја извршувал и функцијата претседател на Основниот суд Струга, беше неопходно да се избере вршител на должноста претседател на судот.

За в.д. претседател на Основниот суд Струга беа предложени Танче Петрески, Ндерим Полиси и Соња Ѓонческа, а Советот го избра Ндерим Полиси. Донесена беше и одлука за објавување оглас за избор на претседател на Основниот суд Струга.

Судскиот совет на денешната седница констатираше и дека Татјана Сусулевска, судија на Апелациониот суд Битола, ги исполнува условите за старосна пензија.

На крајот од седницата беа формирани комисии за увид и оценка во постапките за избор на претседател на Апелациониот суд Скопје и на Основниот суд Струга.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img