Разделба без прегратки! Како таква може да се оцени работата во Шкендија и заминувањето на репрезентативниот стопер во романскиот клуб Динамо Букурешт. Само на неколку часа пред денешниот дуел со Браво во второто коло од Конференциската лига на УЕФА, фудбалерот носи одлука да си оди од клубот. Активирани се сите клаузули, ангажирани се советници по фудбалско (спортско) право, менаџери и веднаш потоа експресен потпис.
Имран Фетаи заминува! Тоа стана факт откако се дозна дека Шкендија го ангажикраше Јован Манев иако е факт дека Фетаи е повеќе од потребен за денешниот дуел на „црвено-црните“. Дуел кој носи награда од 525.000 евра и цифра која е далеку над онаа која ќе се заработи од трансферот на фудбалерот.
А фудбалерот одбра да биде по негово. Не по сентименталност, да врати за дадената шанса и да го одира машки и со срце “последното танго“, за клубот кој лани го доведе од Беса Добридол и преку Шкендија направи бум, стигна до националниот тим а еве сега и до клуб во кој многу одобро ќе заработува.
Си оди за 150.000 евра, а зимата имаа 450.000 на маса
Каде погреши Шкендија!? Лани во зимскиот преоден рок имаше најави дека имаат на маса понуда вредна 450.000 евра за потписот на Имран Фетаи од екипата на Лех Познан од Полска но и од клуб од Саудиска Арабија. Истата е одбиена а еве сега им се случува хаварија. Мала плата за Имран Фетаи и мала клаузула. Се шпекулира дека на хартија слободата на Имран Фетаи Изнесувала само 150.000 евра. Романците ја плаќаат и фудбалерот веднаш заминува – без збогум.






