домаСпортФИФА „удри“ по Аргентинците поради хаосот по финалето на Светското првенство

ФИФА „удри“ по Аргентинците поради хаосот по финалето на Светското првенство

- Advertisement -spot_img

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) покрена дисциплинска постапка против двајца аргентински репрезентативци поради инциденти што се случија веднаш по финалето на Светското првенство против Шпанија.

ФИФА под истрага ги стави играчот од средниот ред Леандро Паредес и дефанзивецот Нахуел Молина, додека постапка беше покрената и против помошникот на селекторот на Аргентина, Роберто Ајала.

Аргентина го загуби финалето на Светското првенство од Шпанија со 1-0 по продолженијата во Њу Џерси, а ФИФА соопшти дека Паредес се соочува со дури три обвиненија за напад по натпреварот.

Дополнително, Молина и напаѓачот Тијаго Алмада се обвинети за неспортско однесување, додека иста постапка беше покрената и против шпанскиот репрезентативец Гави.

ФИФА отвори истрага против Аргентинската фудбалска асоцијација поради неколку инциденти за време на турнирот. Меѓу нив се обвинувања за „дискриминаторски извици и гестови“ од страна на навивачите, наводен напад од помошник член на тренерскиот штаб по финалето, како и фрлање предмети од трибините за време на неколку натпревари од Светското првенство.

Политичкиот транспарент што аргентинските фудбалери го истакнаа по победата над Англија во полуфиналето со резултат од 2:1 привлече посебно внимание. На него пишуваше:

„Малвините се аргентински“, што предизвика реакција од британската влада.

Аргентина ги нарекува Фолкландските Острови, Малвини, а спорот околу нивната сопственост трае со децении. Во 1982 година, островите беа окупирани од аргентинската воена хунта, што доведе до десетнеделна војна со Велика Британија, која заврши со британска победа.

ФИФА објави дека е покрената дисциплинска постапка затоа што „спортски настан беше искористен за протест од неспортска природа“.

Светската фудбалска асоцијација нагласи дека на сите обвинети ќе им се даде можност да ја презентираат својата одбрана, по што Дисциплинската комисија ќе ги донесе конечните одлуки.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img