домаСпортПрва радост за македонските јуниори – следува битка за пласман од 9....

Прва радост за македонските јуниори – следува битка за пласман од 9. до 16. место на ЕП

- Advertisement -spot_img

Машката јуниорска кошаркарска репрезентација на Македонија ја забележа првата победа на Европското првенство од Дивизијата „Б“ во Хрватска, откако во директната пресметка за четвртото место во групата „Д“ ја совлада Шведска со 69:60.

По израмнетото прво полувреме, кое Швеѓаните го добија со минимални 31:30, избраниците на селекторот одиграа извонредно во продолжението. Со цврста одбрана, голема борбеност и одлична тимска игра, Македонија целосно го сврте текот на натпреварот и во третата четвртина создаде двоцифрена предност, која успешно ја зачува до крајот.

Капитенот Григориј Ѓорѓевиќ беше лидер на тимот со фантастичен учинок од 17 поени, 11 асистенции и осум скока, додека Цветковски постигна 12 поени. Двоен ефект имаше и Малиниќ со 11 поени и 10 скока, а Данев додаде уште 10 поени.

Со овој триумф Македонија обезбеди место во разигрувањето за пласман од 9. до 16. место на Европското првенство. По денот за одмор, нашите јуниори ќе ги продолжат настапите во борбата за што подобар конечен пласман.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img