ФОТО: ФК Кожуф
Второлигашите продолжуваат со одигрување на пријателски натпревари преку кои ја проверуваат формата за новата сезона која ќе започне на 15 август.
Беласица забележа сигурен триумф од 0:2 над Кожуф на контролниот натпревар каде стрелци за струмичани беа Костов и Крстев.
Ланскиот прволигаш Работнички со 1:2 го доби мечот со Еуромилк ГЛ, каде за „романтичарите“ стрелци беа Кудијан во 39. минута и Исмаили во 42. минута.
За викендот кој следува закажани се неколку контролни натпревари меѓу второлигаши кои ќе бидат одиграни за да се провери формата.
Работнички новата сезона ја отвара против Кожуф на домашен терен, Еуромилк ГЛ ќе гостува кај Брера Струмица, а пак Беласица ќе го пречека Осогово.
Александар Ванев, М-Нет






