домаСветПутин го критикува Западот: „Го ‘пуштивте духот од шишето’ – сетете се...

Путин го критикува Западот: „Го ‘пуштивте духот од шишето’ – сетете се што се случи во Југославија“

- Advertisement -spot_img

EPA/PAVEL BEDNYAKOV / AP POOL

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека западните земји донеле неколку одлуки без да го почитуваат меѓународното право и со тоа, како што рече, „го пуштиле духот од шишето“, а во врска со тоа потсети на настаните во Југославија.

„Западот донесе одлуки кои беа целосно некомпатибилни со Повелбата на Обединетите нации. Тие едноставно го пуштија духот од шишето. Сетете се на настаните во Југославија. Нема да давам никакви проценки сега, тоа е сложен процес“, рече Путин денес на состанок со припадници на руската морнарица, пренесува ТАСС.

Го повтори ставот на Русија за конфликтот во Украина

„Тие извршија државен удар во Украина, крвав и неуставен, но целиот Запад се преправаше дека не е ништо сериозно, дека едноставно мора да биде така. Токму овие акции нè принудија да започнеме специјална воена операција, обидувајќи се да ги завршиме воените акции што Западот и режимот во Киев веќе ги започнаа во дел од тогашна Украина“, рече Путин.

Тој потсети дека западните земји му ветиле на Михаил Горбачов дека нема да го прошират НАТО на исток, но „не им било грижа за сите нивни ветувања или за безбедносните интереси на Руската Федерација“.

На состанокот со припадниците на руската морнарица, Путин нагласи дека присуството на руските вооружени сили во арктичката зона не претставува закана за никого, туку ги штити интересите на Руската Федерација.

Тој исто така рече дека моќта на една држава се состои од многу компоненти како што се економијата, финансиите, безбедноста на информациите и индустријата.

„Се чувствуваме многу смирени и самоуверени бидејќи меѓународното право е на наша страна. Имаме способност целосно да ги браниме нашите интереси. Ќе направиме сè за да го победиме непријателот. Победата е наша“, рече Путин.

Рускиот претседател рече дека малку земји имаат оружје како ракетите „Циркон“ и дека Русија ги подобрува овие ракети.

„Нема многу земји во светот што имаат такво оружје. Ние не само што го имаме, туку и го подобруваме и ќе продолжиме да го правиме тоа“, рече рускиот претседател, пренесува Танјуг.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img