Apple се очекува дека ќе влезе на пазарот на паметни очила, пазар кој моментално го „држи“ Meta со нивните неколку Ray-Ban очила, а според гласините тоа може да се очекува идната година.
Марк Гурман, во неговата најнова објава, најавува дека наместо до крајот на годината, очилата од Apple може да се очекува дека ќе бидат претставени дури на WWDC 2027, а би станале достапни до крајот на годината.
Како главна причина за одложувањето на претставувањето на очилата, покрај работата на нивниот развој, наводно е поврзана со нивната приватност и како пораката за приватноста ќе биде пренесена до корисниците.
Приватноста како тема поврзана со очилата се покажува како доста важна не само поради угледот кој компанијата го гради изминатите десет и повеќе години. Важноста е уште поголема поради фактот што паметните очила кои доаѓаат со вградени камери овозможуваа тајно снимање, иако Meta објави дека презема мерки за такво нешто да не може да се случува.
Како можни функции кои би ги направиле Apple очилата „приватни“ Гурман ги истакнува можноста да некои од нив воопшто немаат камера или истата да може да се користи само од страна на Siri за опис на околината.
Сепак, овие опции се очекува дека би биле помалку популарни, па очилата кои ќе дојдат со вградена камера би требало да ги чуваат видеата само локално, а Apple би ја исклучиле целосно можноста луѓе да ги проверуваат видеата кои ќе бидат прикачени на нивните сервери.
Во основа, се очекува дека Apple во нивниот препознатлив стил ќе стават големо значење на приватноста и покрај можноста да поради тоа тие треба да скратат на некои од функциите, како што можеме да видиме и во случајот со новата верзија од Siri.
https://smartportal.mk/novosti/uredi/apple-pametni-ocila-idnata-godina-akcent-privatnost/






