домаМакедонијаПризнанието на Клековски е најсилна потврда – бараме кривична одговорност!

Признанието на Клековски е најсилна потврда – бараме кривична одговорност!

- Advertisement -spot_img

Над 4.070 граѓани во Гостивар досега побарале медицинска помош поради затруена вода со фекалии.

Само вчера се регистрирани уште 125 прегледи на лица со симптоми, а едно дете е хоспитализирано.

Овие бројки се најсилниот доказ за целосниот колапс на институциите задолжени да го штитат најважното – здравјето на граѓаните.

Министерот за здравство Сашо Клековски самиот призна дека „црвените светла“ во Гостивар се запалиле со задоцнување.

Тоа признание не ја намалува вината. Напротив, ја потврдува.

Клековски призна дека институциите задоцниле во реакцијата, но тоа не го кажа затоа што сакаше да ја соопшти вистината, туку затоа што веќе не можеше да ја сокрие неспособноста.

Првите симптоми кај граѓаните се појавиле уште на 14 јули, кога во болницата секојдневно се јавувале околу 200 пациенти со исти симптоми.

Наместо итна реакција, епидемија беше прогласена дури на 19 јули.

Пет дена институциите молчеле. Пет дена не ја предупредиле јавноста. Пет дена не презеле мерки, додека стотици граѓани се разболувале.

А Центарот за јавно здравје Тетово водата ја прогласил за безбедна.

Гостиварчани 22 дена пиеле загадена вода со фекалии. Над 4.070 граѓани се разболеа затоа што „црвените светла“ на Мицкоски и Клековски се вклучија предоцна.

Целосен институционален неуспех и системски колапс на Владата на Мицкоски.

Признанието на Клековски е најсилна потврда – не е само за политичка туку и за кривична одговорност.

Цел еден град е отуен, мора кривично да одговараат.

Бараме Кривична одговорност од министерот Сашо Клековски, директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат Марија Андоновска и директоритите на локални Центри за јавно здравје.

Јавното обвинителство да не чека наредби од Мицкоски туку да делува согласно закон.

Одговорност за труењето во Гостивар мора да има!

Линк до видео: https://www.youtube.com/watch?v=3xxGG-VZpgI

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img