Дванаесетгодишен државјанин на Албанија заврши во пртивор во Хрватска откако полицијата во неговиот автомобил открила поголема количина дрога. Младиот Албанец бил приведен кај Пировац, откако на полицајците им станало сомнително неговото однесување покрај паркирано возило. При претресот биле пронајдени какаин и МДМА во кристали и таблети.
Врз основа на налог од Жупанискиот суд во Шибеник, извршен е претрес на автомобилот. Полицијата пронашла 92 ПВЦ ќесички со 71,4 грама кокаин, 39 ќесички со 31,2 грама кристален МДМА, како и 60 таблети од истата дрога. Покрај наркотиците, од деветнаесетгодишникот е одземен и готовина.
По завршувањето на криминалистичката истрага, осомничениот албански државјанин е предаден на притворскиот надзорник во полициската управа во Шибеник. До надлежното државно обвинителство е поднесена кривична пријава. Оваа полициска акција е дел од континуираните напори за сузбивање на трговијата со дрога на Јадранот во текот на летната сезона, период во кој транзитот е зголемен.






