Непозната бела материја денеска е забележана како се влева од реката Лепенец во Вардар. За случајот засега нема официјално објаснување, а на местото се присутни инспекциските служби на Градот Скопје и Министерството за животна средина и просторно планирање, кои треба да утврдат за каква материја станува збор.
Од страна на инспекциските служби на Град Скопје бил пуштен и дрон за детектирање на причинителот, информираат од таму.
Службите од ЈП „Водовот и канализација“ земале примероци од реката.






