Вечните ривали од турската Суперлига, Галатасарај и Фенербахче, моментално водат голема борба околу потписот на португалскиот интернационалец од редовите на италијанскиот калчо гигант Милан, Рафаел Леао. Двата клуба веќе му понудија годишна плата од 10 мил. евра, а од продажбата на крилниот напаѓач, Милан очекува заработка не помала од 60 мил. евра.






