Министерот за односи меѓу заедниците Агон Ферати беше домаќин на амбасадорот на Република Косово во Република Северна Македонија, Флориан Ќехаја.
На средбата се разговараше за одличните односи меѓу двете земји, за актуелните случувања, како и за можностите за понатамошно продлабочување на соработката во областите од заеднички интерес.
Беше констатирано дека Република Северна Македонија и Република Косово имаат одлични добрососедски односи и блиско партнерство, воедно беше истакната важноста од продолжување на конкретната соработка преку проекти насочени кон зближување на младите и поттикнување на соработката меѓу сите етнички заедници.
Двајцата соговорници се согласија дека младите претставуваат најсилен мост за градење доверба, меѓусебно разбирање и заедничка иднина во регионот.
Министерот Ферати ги презентираше приоритетите и плановите на Министерството за односи меѓу заедниците за претстојниот период, со фокус на унапредување на меѓукултурниот дијалог, зајакнување на социјалната кохезија и поддршка на иницијативи што придонесуваат за градење инклузивно општество.
Посебно внимание беше посветено на програмата „25 години и понатаму“, која се реализира во рамките на одбележувањето на 25-годишнината од Охридскиот Договор.
Во таа насока беа разменети мислења за планираните активности, како и за значењето на вклученоста на институциите, регионалните партнери и младите во промовирањето на вредностите на дијалогот, соживотот и меѓусебното почитување.
На крајот од средбата, соговорниците изразија подготвеност за продолжување на комуникацијата и блиската соработка, со цел реализација на заеднички иницијативи што ќе придонесат за понатамошно зајакнување на односите меѓу двете земји и за унапредување на соработката меѓу сите етнички заедници.






