Куба би се бранела доколку Соединетите Држави преземат воена акција против земјата, изјави кубанскиот заменик-министер за надворешни работи за Ал Џезира.
Тој оцени дека американскиот напад би бил „исклучително неодговорен чин“ и истакна дека, иако во Вашингтон можеби постои сценарио за преземање контрола врз Куба, таков потег не би бил ниту лесен, ниту прифатлив.
„Проблемот на Вашингтон е што сака да ја контролира и да ја одредува судбината на нашата нација, а наиде на одбивање“, рече кубанскиот функционер.
Тој додаде дека Куба, доколку биде принудена, ќе се брани, и покрај добрите односи со неколку земји.
„Ако мораме, ќе се браниме“, изјави кубанскиот заменик-министер за надворешни работи.






