Унгарската фирма „Електробус Икарус“ и австриската ЕВН се избрани и на вториот повик за набавката на 150 електрични автобуси, од кои 100 за Скопје, а 50 за останатите градови во Македонија.
„Со огромно задоволство ве информирам дека штотуку остварив телефонски разговор со министерот за транспорт, Александар Николоски, кој ме извести дека успешно завршила тендерската постапка и јавното наддавање за набавка на 100 нови еколошки автобуси за градот Скопје!
Ова е историски чекор кон сериозна обнова на возната флота на ЈСП „Скопје“ и почеток на нова ера во јавниот градски превоз – помодерен, почист, побезбеден и подостоинствен за скопјани.
Од денес започнува десетдневниот рок за жалби, по што следуваат потпишувањето на договорот и почетокот на процесот за испорака на автобусите во Скопје“, објави градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски не испуштајќи да упати искрена и огромна благодарност до премиерот Христијан Мицкоски и до министерсот Александар Николоски за силната поддршка што ја давале на скопјани.
Во дописот од Министерството стои дека „Икарус“ и ЕВН дале најниска цена од 3 .120 956 004 денари дез ДДВ или 50 милиони евра, односно 19 796 924 денари без ДДВ или 320 илјади евра по единица автобус и 2 018 899 без ДДВ или по 30.000 евра по единица станица за полнење.
По склучување на договорот најповолниот понудувач е должен да изврши испорака на автобусите и станиците за полнење по следната динамика:
-30 електрични автобуси и 15 станици за полнење да се достават во рок не подолг од шест месеци од денот на склучување на договорот
– 60 електрични автобуси и 30 станици за полнење во рок не подолг од дванаесет месеци од денот на склучување на договорот
-60 електрични автобуси и 30 станици за полнење во рок не подолг од осумнаесет месеци од денот на склучување на договорот.
На јавниот повик понуда доставиле четири фирми – Xiamen Golden Dragon Bus Co, Ltd, – YES -EU DENMARK A/S YUTONG, – BMC Otomotiv Sanayi ve Ticaret Anonim Sirketi , – IKARUS Electric Zrt во заедничка понуда со EVN. Рокот за жалба е 10 дена.
Ова е трет повик за набавка на нови автобуси. Најголем дел од нив ќе бидат за Скопје и неколку за други општини. Набавката на нови автобуси и процес кој трае речиси две години.






