домаМакедонијаМакедонскиот пасош на 33. место во светот, посилен од повеќето во регионот

Македонскиот пасош на 33. место во светот, посилен од повеќето во регионот

- Advertisement -spot_img

Скопје, 21 јули – Македонскиот пасош се наоѓа на 33. место на светската ранг-листа според моќта на патните исправи, покажуваат најновите податоци на Passport Index на Arton Capital, пренесува Журнал.

Според рангирањето, граѓаните на Северна Македонија можат да патуваат без виза во 85 земји, со што македонскиот пасош е меѓу најсилните во регионот. Од земјите од Западен Балкан, подобро е рангиран само српскиот пасош.

Само Србија е пред Македонија во регионот

Српскиот пасош се наоѓа на 32. место со можност за безвизно патување во 91 држава, што е една позиција и шест дестинации повеќе од македонскиот.

Зад Македонија следуваат Црна Гора, која е на 34. место со ист број на безвизни дестинации (85), а потоа Албанија и Босна и Херцеговина, кои го делат 40. место со пристап до 81 земја без виза.

Најслабо рангиран во регионот останува Косово, кое се наоѓа на 53. место со можност за безвизно патување во 58 држави.

Хрватска меѓу најмоќните пасоши во светот

Во европски рамки, Хрватска се наоѓа на високото петто место во светот, со пристап без виза до 128 дестинации. Истата позиција ја дели со Словенија, Романија, Чешка, Словачка, Бугарија и Естонија.

Разликата меѓу хрватскиот и македонскиот пасош изнесува 43 дестинации. Како членки на Европската Унија и Шенген-зоната, Хрватска и Бугарија имаат корист од договорите за визна либерализација што Унијата ги склучува колективно, привилегија што Северна Македонија, иако е земја-кандидат за членство, сè уште ја нема.

ОАЕ со најсилен пасош, Авганистан на дното

На глобално ниво, Обединетите Арапски Емирати се на првото место со можност за патување без виза во 138 земји, пред Франција и Шпанија, кои го делат второто место со 132 безвизни дестинации.

На последната, 94. позиција, се наоѓа Авганистан, чиј пасош овозможува безвизен пристап во само шест држави. Разликата меѓу најмоќниот и најслабиот пасош во светот изнесува 132 дестинации, покажуваат податоците на Passport Index, пренесува Журнал.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img