домаСпортТрумчи: Максимален пристап за позитивен ефект од мечот со Браво

Трумчи: Максимален пристап за позитивен ефект од мечот со Браво

- Advertisement -spot_img

Екипата на Шкендија, утре со почеток од 20:45 часот на стадионот Стожице во Љубљана, ќе го одигра првиот од двата дуела против словенечкиот тим на Браво, во рамките од второто квалификациско коло од Лигата на Конференции.

Тетовци од вчера се во Словенија, се аклиматизираат што се вели и го чекаат дуелот. За денеска секако е закажан официјалниот тренинг на тимот.

„Мислам дека атмосферата е одлична, владее позитивно расположение во екипата по пласманот во следното коло. Сепак, не се задржуваме на минатото, гледаме напред. Пристигнавме рано во Словенија, се сместивме и го анализиравме противничкиот тим. Тие се сериозен противник, а ние ќе му пристапиме на натпреварот со максимална сериозност за да го дадеме нашиот максимум“, изјави десниот бек на Шкендија, Александер Трумчи па додава

„Сметам дека е добро што пристигнавме порано за да се сместиме овде во Словенија, да се одмориме и да се прилагодиме на условите. Денес ќе го одработиме официјалниот тренинг на местото каде што ќе се игра натпреварот и верувам дека ова рано пристигнување ќе ни оди во прилог“ – вели Трумчи, а на прашањето колку е важно за овој меч што самите подготовки летово, Шкендија ги одработи токму во Словенија.

„Верувам дека е така. Искуството стекнато од пријателските натпревари е позитивна работа. Ќе излеземе на терен со цел да оствариме позитивен резултат, ќе го дадеме максимумот и се надеваме на успех против Браво. Ова е двомеч, па се надеваме дека ќе обезбедиме позитивен резултат овде, а потоа ќе го потврдиме пласманот на реваншот во Скопје“, заклучи Александер Трумчи.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img