Силното невреме што го зафати Делчево предизвика материјални штети на повеќе локации, при што најсериозно е оштетен кров на објект, чија санација е во тек.
Надлежните служби се на терен и работат на расчистување на последиците.
Градоначалникот Иван Гоцевски упати апел на социјалите мрежи до сите граѓани кои немаат неодложна потреба да не се движат на отворено сѐ додека ситуацијата настаната поради големото невреме со обилни врнежи од дожд и силен ветер што го зафати денеска попладнето градот, додека целосно не се стабилизира. големото
Тој ги информира граѓаните доколку имаат потреба од итна помош или се соочуваат со проблеми предизвикани од невремето, веднаш да се обратат на дежурната линија на 112 и 193 на телефонскиот бројна ТППЕ Делчево, каде што ќе добијат соодветна помош и насоки.
Тој воедно ги повика и сите хумани граѓани кои сакаат доброволно да помогнат во активностите на терен, да се пријават на телефонот на ТППЕ Делчево, по што ќе добијат информации и упатства за нивно безбедно вклучување во акциите.






