Синоќа околу 23:40 часот во СВР Скопје, 41-годишна жена пријавила дека околу 23:00 часот во домот каде била со нејзиниот 36-годишен партнер и нејзиното малолетно дете, дошле нејзините два сина од претходниот брак и нивните девојки, по што физички ги нападнале.
Како што се наведува во полицискиот билтен, тие настанот го снимиле со мобилен телефон, а на заминување го одзеле нејзиниот мобилен телефон.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.






