домаМакедонијаИталија и уште шест земји се спротивставија на нови ограничувања за идните...

Италија и уште шест земји се спротивставија на нови ограничувања за идните членки на ЕУ

- Advertisement -spot_img

Италија, заедно со Австрија, Хрватска, Чешка, Грција, Словачка и Словенија, се спротивстави на предлогот на Франција, Германија и земјите од Бенелукс за воведување нови рестриктивни механизми во процесот на пристапување на идните членки во Европската Унија, објави „Еуроактив“.

Според дипломатски документ од минатиот месец, Франција, Германија, Холандија, Белгија и Луксембург предлагаат идните членки во одреден преоден период да имаат ограничено право на глас при одлучување за буџетски, безбедносни и надворешнополитички прашања.

На предлогот се спротивставила групата „Пријатели на Западен Балкан“, која предупредува дека ваквиот пристап би можел да создаде впечаток на „второкласно“ членство во Европската Унија.

Во документот се нагласува дека процесот на проширување треба да се спроведува по единствени правила за сите кандидати, без воведување нови политички предуслови, дополнителни барања или паралелни процедури.

„Треба да се избегнуваат нови барања, политички предуслови или дополнителни институционални чекори, бидејќи тие би ги обесхрабриле кандидатите и би го ослабнале влијанието на Унијата во нејзиното соседство“, се наведува во документот.

Истовремено, земјите од групата прифаќаат можност за примена на заштитни клаузули, преодни мерки и механизми за следење по пристапувањето, но само доколку тие се пропорционални, правно оправдани и засновани на конкретни потреби.

Иницијативата доаѓа во пресрет на Европскиот совет во октомври, кога лидерите на Европската Унија се очекува повторно да разговараат за политиката на проширување, во услови кога пристапните процеси на повеќе земји од Западен Балкан, меѓу кои и Србија, се соочуваат со застој.

Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани порача дека Европската Унија треба да обезбеди рамноправен статус на сите држави по нивното пристапување, без воведување нови условувања, истовремено задржувајќи заедничка рамка што ќе биде прилагодена на специфичностите на секоја земја кандидат.

„Убедени сме во потребата политички приоритет да му се даде на повторното обединување на европското семејство со Западен Балкан“, изјави Тајани.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img