домаМакедонијаКвалитет наместо масовност: Каков туризам му е навистина потребен на Охрид?

Квалитет наместо масовност: Каков туризам му е навистина потребен на Охрид?

- Advertisement -spot_img

Реперот за успешна туристичка сезона во Охрид не треба да биде бројот на туристи, туку нивната економска потрошувачка вели универзитетскиот професор Сашо Коруновски, кој предупредува дека Охрид мора да ја промени класичната туристичка понуда за да има загарантиран прогрес.

Доколку се земе паралела со предсезоната, таа годинава е повеќе од солидна, но професорот посочува дека крајниот успех сепак ќе зависи од долготрајноста на истата.

Најголемата слабост на актуелниот модел е токму преоптовареноста во шпицот на летото. Односно дека во многу краток временски период, се концентрираат премногу луѓе во една мала средина. Тоа создава огромен и непотребен притисок врз туристите, но уште повеќе и врз локалните домаќини.

Како излез од ваквата состојба, професорот Коруновски ја нагласува потребата да се направи просторна дисперзија – односно туристите да се насочуваат кон содржини надвор од пренатрупаниот центар, со што ќе се растовари градот и ќе се спаси сезоната.

И покрај тоа што со години наназад се води дебатата за тоа дали на Охрид му е потребен масовен или елитен туризам, суштинските промени на терен се движат бавно. Градот и натаму главно се потпира на истиот класичен модел, иако праксата покажува дека на Охрид му е неопходна јасна стратегија која ќе ги спои квалитетот, просторната дисперзија и подолгата сезона – предизвик кој сè уште чека на конкретна реализација.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img