Изборниот законик остана не донесен но премиерот Мицкоски и денеска на својот Ф.Б се пофали дека на 15 јули до Европската Унија е доставен документ со целосно исполнети и означени обврски, со што уште еднаш како што наведува во статусот земјата покажала дека реформскиот процес го води одговорно, транспарентно и со јасна посветеност кон исполнување на европската агенда.
Сепак од неговата партија и денеска прстот го вперија кон опозиционерите партии дека како што велат добиле бланко документ за да ги стават на хартија своите желби се со цел да се испеглаат разликите околу изборниот законик но сепак иако реформски остана заглавен во собраниските лавиринти.
ОД СДСМ пак денеска возвратија дека Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ се обидувале како што велат на секој можен начин да предизвикаат вештачки конфликт и да ја обвинат опозицијата дека таа е виновна за изборниот законик а во меѓувреме додека тврдат дека земјата е лидер во исполнувањето на реформската агенда таа и натаму останува со неизвесна европска перспектива.
Недонесувањето на Изборниот законик и во дополнителниот грејс период ја чинеше земјата 4,2 милиони евра помалку пари за граѓаните од ЕУ фондовите . Претходно и еврокомесарката Кос но и евроамбасадорот Рокас во неколку наврати ги повикуваа партиите да постигнат договор и да ги испеглаат разликите бидејќи се работи за реформски закон но партитие и натаму на маса наместо обидите за консензус ги ставаа спорните прашања како што се гласањето на дијаспората и финансирањето, но и прашањето за една изборна единица на кое особено инсистираше левица и иницираше средби на ниво на опозициски партии но тие не се реализираа.






